Ракомет

ФОТО: Огромни победи на Охрид и Еурофарм Пелистер, реми на Пролет и Прилеп!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид запишаа висока и убедлива победа над повратникот Радовиш, откако „гладијаторите“ во „Билјанини Извори“ со 43:21 славеа превисока победа.

Сосема очекувана беше победата за охридските „гладијатори“ во меч каде Шипинковски и Костов постигнаа по сум погодоци, а пак Андоновски и Бојаниќ реализираа по шест гола. За Радовиш четири гола постигна Костадинов.

Шампионот Еурофарм Пелистер лесно дојде до нов триумф откако со превисоки 40:23 славеше над тимот на Тиквеш од Кавадарци. Лесна беше победата за битолчани кои без многу напор дојдоа до истата.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Борец Ф. со 37:30 ја совлада Струга и всушност за велешани двата сезонски триумфа се токму над Струга, со што има мала промена на табелата, сега Струга е претпоследна, а пак велешани се место над Струга.

Бутел запиша сигурна и убедлива победа над Куманово во гости со резултат од 22:29. Искусниот голман Александар Стојаноски беше одличен на голот на Бутел. Субашевски со осум гола беше најдобар кај Бутел, додека пак кај гостите најдобар беше Димевски со седум гола.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Израмнета средба и поделба на бодовите на дуелот меѓу Пролет и Прилеп (23:23), откако гостинскиот тим до бод дојде во последните секунди од средбата.

Димовски и Бахар беа најдобри кај Пролет со по шест гола, а пак Цветаноски и Рајатовски имаа по шест реализации кај Пролет.

Колото се комплетира утре со дербито меѓу Вардар и Алкалоид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!