Трета лигаФудбал

Кораби слави важна победа над Велешта – ланскиот шампион од Дебар ќе чека кикс на конкурентите!

Сподели
Сподели

Голема и важна победа слави Кораби на гостувањето кај Велешта, во рамки на воведниот меч на 11. коло на Трета лига – Југозапад.

Гостинот од Дебар одлично го отвори натпревар со добар пристап на играта дојде до 0:2 на полуреме, откако најпрво Адем Колоња постигна гол во 22. минута за 0:1, а пак голгетерот Фатјон Леши во 31. минута ја дуплираше предност за 0:2 на полувреме.

Во вториот дел домаќинот покажа дека мечот не е решен, и со два брзи гола преку Анит Хани во 65. минута и Диели Каба четири минути подоцна резултатот беше 2:2.

Сепак, само две минути подоцна Фатјон Леши со втор гол ги постави конечните 2:3 со што трите бодови заминаа во Дебар.

Сега Кораби ќе го чека исходот од комплетирањето на 11. коло, односно ќе чека кикс на конкурентите Преспа од Ресен и Сатеска од Волино.

Денес Славеј во Мешеишта го чека Е. Онлајн, Кравари ќе игра против Караорман, Влазними на соочување со Сатеска од Волина, Света Троица дома ќе има тежок меч против фаворитот Преспа од Ресен, а пак Светлст ќе биде домаќин на Демир Хисар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Поврзани написи
Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!