Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори со „петарда“ за Плачковица, Конзули со седумка го „декласираше“ Слободен

Сподели
ФОТО: ЖФК Конзули
Сподели



Екипата на Билјанини Извори однесе убедлива победа од 5:0 над Плачковица, повеќе од јасно беше дека трите бодови ќе останат во Охрид.

Марија Бојкова погоди двапати против својот поранешен клуб од Радовиш, двоен стрелец беше Викторија Стојаноски, а пак еден гол беше дело на Викторија Лазова.

Лидерот Конзули однесе убедлива победа од 7:1 и сосема очекувано го „декласираше“ Слободен.

Мелиса Милица Димитриоска постигна хет-трик, двоен стрелец беше искусната Мила Талевска, а по еден гол постигнаа Марија Стојановска и Сара Слободанка Димитриоска.

За скопскиот тим единствен стрелец беше Ева Андонова, најдобриот стрелец во лигата постигна гол во 76. минута во високиот пораз.

Мечот во Велес не се одигра, Порече од Македонски Брод по чекање од 30 минути не се појави на теренот, а тоа ќе значи службена победа за Борец и службени три бода.



Конзули оди во Прва лига за следната сезона, а пак Билјанини Извори ќе игра бараж за влез во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од ПМФЛ, и сега ја зголеми предноста на табелата на третото место...

Останато

Наковски Волеј и Работнички Скопје во битка за шампионскиот пехар

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата „Димитар Влахов“ во Струмица, започнува финалната серија од плејофот во женска одбојкарска конкуренција. Во борба...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!