Трета лигаФудбал

Влазними на крилата на Аљтин Лога и Пајазит Салиу го доби Кравари, славје на Могила

Сподели
Сподели



Лидерот Влазними прокнижи нови три бодови откако на домашен терен со 2:0 го доби Кораб од Дебар во меч од 14. коло на Трета лига – Југозапад.

Двата гола паднаа во вториот дел откако Аљтин Лога погоди во 50. минута за 1:0, а десет минути подоцна погоди Пајазит Салиу за конечни 2:0.

Могила славеше домашен триумф над Напредок од Ношпал со резултат од 2:1. Гостинот со голот на Фатон Таировски од 24. минута го отвори резултатот, но во 44. минута Сашо Ристевски си постигна автогол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел следуваше комплетен пресврт преку гол на Андреј Марковски во 81. минута за конечни 2:1.

Мечот меѓу Кравари и Караорман не се доигра, бидејќи гостинот од Струга на теренот остана со шест играчи во 49. минута и со тоа не можеше да го продолжи натпревари, а при резултат од 5:0 за Кравари.

Стрелци беа Иван Иванов во 4. минута, Иве Трифуновски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Александар Петковски и Марјан Котевски.

Демир Хисар со минимални 1:0 славеше над Света Троица со што трите бодови останаа дома.

Во однос на табелата на првото место е Влазними со 31 бод и сигурно оди кон баражот за Втора лига, на втората позиција е Славеј од Мешеишта со 26 бодови, Могила е трета и има 25 гола.



Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Започна обуката за УЕФА А лиценца во Дојран: стручњаци и поранешни репрезентативци дел од програмата за тренери

Центарот за едукација на тренери при ФФМ во Дојран започна со обука на нова генерација кандидати за УЕФА А лиценца. Наставата се одвива...

Ракомет

Вардар добива квалитетно засилување: Французинот Фадуил пристигнува во Скопје

Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил. 23-годишниот ракометар...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

Прва лигаФудбал

Компаоре: Им должиме добар натпревар на нашите навивачи, се надеваме на победа

Струга Трим Лум денеска на домашен терен го пречекува Силекс и ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!