Трета лигаФудбал

Лидерот Камјани славеше во Брвеница и побегна на плус пет, Напредок и Речица до високи победи

Сподели
ФОТО: ФК Камјани
Сподели



Лидерот Камјани го доби дербито во Брвеница славејќи со 1:3 над Вардар и со тоа е чекор поблиску до бараж за влез во Втора лига.

По чистите мрежи во првиот дел, во вторите 45 минути беа постигнати сите погодоци. Сокол Исеини го отвори резултатот во 57. минута, а по пет минути Даут Даути погоди за 0:2.

Тони Брњарчевски во 68. минута намали на 1:2 и ја врати неизвесноста се до 86. минута кога искусниот Шпенд Асани стрелаше за конечни 1:3, во дербито на 18. коло во Трета лига – Запад.

Некогашниот прволигаш Ренова загуби на домашен терен од Џепчишти со 2:3. Гостинот преку Ментор Саљиу стигна до водство во 12. минута, а во 30. минута Ери Абдулахи погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Арсим Зубери беше стрелец за 1:2 и ново водство, а во 85. минута Беким Садики погоди за 1:3.

Три минути подоцна Ријад Османи постигна гол за конечни 2:3.

ОХРИД КУП 2026: НОВ ДЕТСКИ ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ ПОКРАЈ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Трите бодови останаа во Кичево откако Напредок со 4:2 славеше над Добришти, преку два гола на Осман Исмаили и погодоците на Никола Колевски и Младен Котевски, додека пак за гостинот стрелци беа Бетим Етеми и Сутки Муслија.

Речица славеше домашна победа против Љуботен со резултат од 4:2. Артин Зеќири постигна хет-трик за победникот, а еден гол постигна Мубарек Шасивари, а пак за гостинот двата гола ги постигна Христијан Димитријевски.



Со голот на Ќендрим Аљиљи екипата на Скендербеу славеше над Дрита со минимални 1:0.

Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Влазерими од Кичево.

На врвот во Трета лига – Запад е тимот на Камјани со 43 бодови, пет повеќе од Влазерими кој е втор.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2029, информира дека од денеска...

Кошарка

Успешно беше реализиран кошаркарскиот караван за најмалите кошаркари и кошаркарки во Гевгелија

Викендов успешно беше реализиран кошаркарски хепенинг за најмладите кошаркари и кошаркарки кој се одржа во салата „26 Април“ во Гевгелија. Овој настан донесе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!