Ракомет

Падна договор во Скопје: Регионални ракометни лиги ќе стартуваат од сезоната 2027/28

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа значаен состанок на кој беше направен сериозен чекор кон унапредување на соработката и подигнување на нивото на ракометот на Балканот.

На средбата во Скопје беше постигната согласност од сезоната 2027/28 да започнат регионални лиги во полн формат, и во машка и во женска конкуренција. Овој проект се смета за ново поглавје во развојот на ракометот, со очекувања за зголемена конкурентност, подобар развој на играчите и поголема атрактивност за публиката.

Според договореното, во женска конкуренција ќе учествуваат по две екипи од пет држави – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Во машка конкуренција е предвиден нешто поразличен формат, со по четири клуба од Србија и Македонија, како и по два од Црна Гора.

Како вовед во овој систем, веќе за сезоната 2026/27 е планирано натпреварување во скратен формат, кое ќе послужи како тест-фаза.

Деталите околу организацијата и моделот ќе бидат дополнително прецизирани на следниот состанок, закажан за 20 мај во Подгорица.

Учесниците на состанокот изразија задоволство од постигнатиот договор, потенцирајќи дека регионалните лиги ќе донесат нова енергија, поголем квалитет и подобра промоција на ракометот во регионот.

Со оваа иницијатива се поставуваат темели за стабилен и долгорочно одржлив систем на натпреварување, кој треба да биде во корист на клубовите, играчите и навивачите, но и да го позиционира регионалниот ракомет на уште повисоко ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Пелистер со моќна партија во Аеродром – закажа полуфинале со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на гостински терен го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 74:85...

Останато

Наковски Волеј со пресврт и драма до прв чекор кон титулата, триумф над Работнички Скопје

Одбојкарките на Наковски Волеј поведоа со 1-0 во финалната серија од Првата лига жени, откако во возбудлив натпревар во Струмица славеа над Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Билјанини Извори ќе ,,врие”: Охрид со срце против Целје за финале!

Охрид се подготвува за еден од најважните натпревари во сезоната – реваншот...

Ракомет

Вардар добива квалитетно засилување: Французинот Фадуил пристигнува во Скопје

Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако...

Ракомет

Радовиш испаѓа од елитата, Струга повторно ќе се спасува преку бараж

На четири кола до крајот од сезоната во ракометната Супер лига, веќе...

Ракомет

Кукуловски: „Со дисциплина во напад и одбрана – до нова победа!“

По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!