Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: Tremblay en France Handball
Сподели



Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а најновото име кое се поврзува со „црвено-црните“ е францускиот среден бек Матео Фадуиле. Станува збор за 23-годишен ракометар кој настапува за Трембли и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција.

Фадуиле игра во одлична форма оваа сезона, каде што се наметна како лидер на својот тим. На досегашните настапи има постигнато над 150 погодоци, што го прави еден од најефикасните играчи во составот на Трембли. Неговата креативност, преглед на играта и голгетерски квалитети го прават идеален профил за засилување на бековската линија на Вардар.

Французинот својата кариера ја градеше во домашното првенство, настапувајќи за екипи како Нант, каде што имаше можност да учи и од македонската легенда Кирил Лазаров. Покрај тоа, беше дел и од Саран (како позајмен играч) и Кретеј, пред да се приклучи на Трембли во 2022 година. Неговите настапи не останаа незабележани, па доби повик и во поширокиот состав на француската репрезентација за подготовките пред Европското првенство.



Иако има договор со Трембли до 2027 година, Вардар е подготвен да плати обештетување за да го донесе во своите редови. Според информациите, голема улога во можниот трансфер игра и желбата на самиот ракометар да се пресели во Скопје и да го облече дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Доколку трансферот се реализира, Вардар би добил долгорочно решение на позицијата среден бек и играч околу кого може да ја гради иднината.

Во меѓувреме, „црвено-црните“ се фокусирани и на актуелните обврски, откако го совладаа Алкалоид и обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија, каде за трофејот ќе се соочат со екипата на Охрид.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По само осум одиграни кола од сезоната, дури седум второлигаши направија промени...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Поврзани написи
Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

Ракомет

Савревски најави нов европски поход: „Минатата сезона испишавме историја, сакаме така да продолжиме!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а амбициите на „гладијаторите“ остануваат високи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!