Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска ќе им суди на Конзули и Слободен, Давид Милошески на Билјанини Извори и Плачковица

Сподели
Сподели



За утре се закажани натпреварите од 10. коло на Втората женска фудбалска лига, делегирани се и судиите кои ќе делат правда на истите.

Во Велес се игра натпреварот меѓу Борец и Порече од Македонска Брод, каде Николче Димовски ќе биде главен судија, а помошници ќе бидат Методија Костов и Мирко Најдов. Контролор на мечот кој треба да стартува во 13 часот е Бранислав Јанушев.

Во Охрид ќе се игра мечот меѓу апсолутниот фаворит Билјанини Извори и Плачковица, а правдата ќе ја дели Давид Милошевски, а ќе му помагаат Никола Ѓорѓијоски и Драган Ѓорески, додека пак Пеце Карапалевски е контролор.

Натпреварот се игра на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 16 часот.

Непоразениот лидер Конзули во Кравари ќе го пречека составот на Слободен во улогата на апсолутен фаворит. Ирена Велевачковска ќе биде главен судија, а асистенти ќе бидат Ангела Домазетовска и Јовче Кокевски, додека пак Илчо Јордановски е контролор.

Стартот е закажан за во 12 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!