ФудбалФутсал

Четири гола на Осман Мустафа: Голема победа на Јувентус Серава над Форца

Сподели
ФОТО: КМФ Јувентус Серава
Сподели



Јувентус Серава вечерва славеше голема победа над ланскиот шампион Форца со резултат од 6:5 во воведниот меч на 16. коло на Првата футсал лига.

Играч на мечот беше Осман Мустафа кој постигна четири гола за Јувентус Серава обезбедувајќи ги практично трите бодови. Да погодоци за домашниот тим имаше Бејтула Јакупи.

За гостинската екипа од Куманово по два гола постигнаа Јасир Зекири и Еркан Алиу, а еден гол постигна Берат Рамадани.

До комплетирањето на колото Јувентус Серава со 20 бодови ќе биде на четвртото место, а Форца останува трета со 28 бодови.

Со победата на Јувентус Серава значи дека Балкан испаѓа во Втора лига, дебитантот е на дното со девет бодови, а има и девет бодови негатива од зоната за директен опстанок.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!