Трета лигаФудбал

Фуркан Идризи го доби дербито меѓу Вардар Брвеница и лидерот Камјани, Дарко Радески главен во Џепчиште

Сподели
Сподели



Делегирани судиите за 18. коло во Третата македонска фудбалска лига – Запад, а кое коло се отвара утре со еден меч, а ќе се комплетира в недела со останатите дуели.

Утре се игра мечот меѓу Ренова и Џепчишти, а за правдата е задолжен Дарко Радески, негови помошници ќе бидат Метин Османи и Серкан Зејнели.

Делегат на средбата која стартува во 15:30 часот ќе биде Фатмир Салаи, а контролор е Реџеп Дерала.

В недела се играат останатите средби. Од 14 часот во Брвеница се игра дербито меѓу Вардар и лидерот Камјани, каде поради тежината на мечот делегирани се прволигашки судии, а ќе има и четврт судија.

Главен судија е Фуркан Идризи, негови помошници се Хабиљ Љиворека и Имран Абази, а пак Идриз Идризи е четврт судија.

Делегат на средбата е Даут Алими, а контролор е Музафер Исмаили.

Мечот во Кичево меѓу Напредок и Доброшти ќе го суди Бенарт Зеќири, а ќе му помагаат Осман Зеќири и Вел Абдиу, додека пак делегат е Ариф Алими, а контролор Радован Јованоски.

Во Порој се игра мечот меѓу Скедербеу и Дрита, а правда ќе дели Бардхиљ Ибраими, додека пак покрај аут линиите ќе бидат Александар Ѓорѓески и Генти Идризи.

Делегат ќе биде Насер Есати, а контролор на овој меч ќе биде Андан Идризи, а стартот е во 15:30 часот.

Во Големо Речица ќе се одигра мечот меѓу Речица и Љуботен, а главен судија овде ќе биде Беким Селими, додека пак негови асистенти се Орхан Сабрии и Идрис Сали.

Делегат е Мујдин Љиворека, а пак контролор на овој меч кој стартува во 15 часот е Ѓулниар Јонузи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!