Прва женска фудбалска лигаФудбал

Непоразениот лидер Тиверија Брера атакува на нов триумф, Саса мотивирана оди по нови три бодови!

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Денес ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 14. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Атлетико од Битола.

Шампионот Љуботен денес во 12 часот на домашен терен ќе се соочи со екипата на Речица, во меч каде домашниот тим е голем фаворит за трите бодови, особено за Љуботен овој меч е идеален за брзо враќање на победничките патеки по поразот од Каменциа Саса во претходното коло во Македонска Каменица.

Во 13 часот Ас Јунајтед на домашен терен ќе ја пречека мотивираната Каменица Саса во натпревар каде иако стружанки не се на нивото од претходната сезона, сепак на ваквите натпревари формата и моменталниот пласман на табелата одат во втор план, па Саса ќе ја очекува незгодно гостување.

Во 14 часот во Струмица непоразениот лидер Тиверија Брера ќе го пречека четвртопласираниот Скопје, меч кој може да кажеме и дека ќе биде дерби на колото бидејќи според квалитетот може да очекува неизвесен дуел, каде сепак струмичанки се тие кои ќе бидат фаворити за трите бодови.

Со допадлив фудбал, со најефикасен напад и најдобра одбрана Тиверија Брера сезоанва конечно сериозно конкурира за титула и на излез во Европа.

Во 14:30 часот Истатов ќе го пречека битолски Топ Гол. Домаќинот е на петтото место на табелата со 13 бодови, а со оглед на тоа што веќе првите четири екипи сериозно се одлепија од петтото место, Истатов ќе сака да биде сигурен во средината и да го сочува петтото место, додека пак Топ Гол е шестти со осум бодови и ќе сака триумф против Истатов во Скопје со цел да може да се доближи до петтото место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!