Кошарка

Битка за плеј-оф: стартува ТОП 6, четири места – шест претенденти!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Започнува највозбудливиот дел од сезоната во МТЕЛ Супер лига, каде во наредните пет кола ќе се решава кои четири екипи ќе обезбедат место во плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула.

По 22 одиграни кола, шампионатот е поделен на ТОП 6 и плеј-аут сегмент. Во горниот дел, шест екипи ќе водат жестока трка за полуфиналето, додека во долниот дел три најслабо пласирани ќе испаднат во понизок ранг.

На врвот на табелата се ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром со идентичен скор (19-3), но ТФТ има мала, но значајна предност од еден бод. Токму таа разлика може да биде клучна во борбата за првата позиција.

Сигурен чекор кон плеј-офот има и Пелистер (14-8), кој има солидна предност пред конкурентите. Најинтересно ќе биде во трката за четвртото место, каде Маџари и Кожув стартуваат со идентичен ефект (12-10), додека Тиквеш Голден Игл (11-11) е веднаш зад нив и чека своја шанса.



Викендот носи сериозни предизвици – Маџари гостува кај Пелистер во Битола, додека Кожув ќе се соочи со шампионот МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански“. Во меѓувреме, лидерот ТФТ ќе ја брани првата позиција во дуелот против Тиквеш Голден Игл во салата „Лазар Лечиќ“.

Со само пет кола до крајот на овој сегмент, секој натпревар ќе има тежина на финале – а местата во плеј-офот се помалку и вредат повеќе од било кога.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!