РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Александар Андов го објави списокот на фудбалерки за дуелите со Унгарија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов го соопшти списокот на фудбалерки кои ќе бидат во комбинација за настап во квалификациските натпревари против Унгарија.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 23 фудбалерки кои во следниве денови ќе се подготвуваат во Охрид. Собирот е закажан за 10 април во Охрид.

Првиот натпревар македонската репрезентација е на програмата на 14 овој месец во Битола, а почетокот на дуелот на стадионот Петар Милошевски е закажан за 16 часот. Вториот меч е на 18. април во Унгарија.

ГОЛМАНКИ

Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера), Берна Кабачки (Холандија)

ОДБРАНА

Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија-Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера), Мила Панева (ЖФК Скопје 2014), Елена Паневска (Словенија), Ива Јовановска (ЖФК Љуботен), Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица), Рабија Дервиши (ЖФК Скопје), Лора Сулејмани (Франција)

СРЕДЕН РЕД

Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера), Билјана Паневска (ЖФК Тиверија-Брера), Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФК Љуботен), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих), Бојана Петкова (Полска), Шкипе Салији (Ст. Хеисен, Германија)

НАПАД

Јована Павловска (ЖФК АС Јунатед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен), Улза Максути (ЖФК Љуботен)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!