Ракомет

(ФОТО) Јапонско засилување за Охрид: Косуке Јасухира се врати во Македонија!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид доби сериозно засилување за продолжението од сезоната, откако јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира и официјално се приклучи на тимот на позајмица до крајот на натпреварувачката година.

25-годишниот среден бек доаѓа од редовите на Бурган од Кувајт, а на македонската јавност и тоа како ѝ е познат, бидејќи пред две сезони имаше одлични настапи во дресот на Вардар 1961.

Со неговото доаѓање, Охрид добива дополнителен квалитет и искуство во клучен дел од сезоната, во која клубот бележи историски резултати и има високи амбиции.

Јасухира нема да чека долго за деби, бидејќи веќе утре се очекува да биде во составот за дуелот против Тиквеш, каде ќе се обиде веднаш да даде свој придонес.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација.“ – изјави Косуке.

Со вакво засилување, охриѓани јасно покажуваат дека сакаат да ја искористат сезоната до максимум и да продолжат со позитивниот резултатски тренд.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!