ФудбалФутсал

Конзули со сигурен триумф над ССК Скопје го затвори 6. коло во Втората футсал лига

Сподели
ФОТО: КМФ Конзули
Сподели

Вечерва во Битола беше комплетирано 6. коло во Втората футсал лига на Македонија, откако Конзули со сигурни 3:0 славеше домашна победа над ССК Скопје.

Во финишот на првиот дел Климент Гиновски постигна гол за водство на домашниот тим од минимални 1:0 на полувреме. Во вториот дел беа постигнати два брзи погодоци откако Гиновски постигна втор гол, а гол даде и Темур Емини.

Екипата на Конзули дојде до втората радост и сега има шест бодови на своето конто, а пак ССК го запиша четвртиот сезонски пораз.

Во однос на табелата на врвот се Балкан и Мал Ајакс со по 15 бодови, Кораби и Овче Поле имаат по 12 бодови, на дното е ланскиот прволигаш Карадаку како единствен тим без бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петрови има осум од осум и максимални бодови на...

Ракомет

Уште едно коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига, потоа започнува плеј-офот и плеј-аутот

Останува уште едно коло за комплетирање на регуларниот дел на ракометната Суперлига, по што ќе започне плеј-оф сегментот каде ќе се води борба...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кои екипи се најмногу загрозени за испаѓање во Втора лига?

Борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема, повеќе...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!