Прва лигаФудбал

Ристовски го доби дербито меѓу Пелистер и Вардар, Стојчевски ќе им суди на Работнички и Шкендија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Познати судиите за утрешните два натпревари од 26. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот меч кој се игра во Скопје се среќаваат Работнички и Шкендија, а за правдата ќе биде задолжен Игор Стојчевски, негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Вјолца Изеири, а пак Ндерим Тефику е четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ, а пак оператор за повторување на снимка е Петар Мукоски.

Делегат на средбата која стартува во 15:30 часот ќе биде Кочо Зердески, а контролор е Бранко Манојлоски.



„Вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар се игра во Битола под рефлектори од 20 часот, а главен судија ќе биде Доне Ристовски.

Помошници ќе бидат Тоше Ицев и Алекснадар Ѓорѓески, а Александар Урошевиќ ќе биде четврти судија.

ОХРИД КУП 2026 – ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА ГЕНЕРАЦИИ ОД 2015 ДО 2019, СЕКОЕ ДЕТЕ ДОБИВА МЕДАЛ И МАИЧКА

ВАР судија е Влатко Илиоски, а АВАР е Борис Трајков, а пак оператор за повторување на снимката е Виктор Васев.

Делегат е Тони Шалев, а контролор е Делчо Јакимовски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!