Трета лигаФудбал

Овче Поле со гол-шоу среде Пирава го „тресна“ Ударник – чекор поблиску до титулата, „петарда“ во Делчево, Турново убедлив!

Сподели
Победничка фотка на Овче Поле
Сподели

Екипата на Овче Поле запиша убедлива и значајна победа на гостувањето кај Ударник, славејќи со 6-3 во еден од најатрактивните натпревари во Третата лига – Исток, одигран пред бројна публика во Пирава, во рамки на 16. коло.

Натпреварот понуди многу возбудувања, голови и резултатски пресврти, но клучниот момент се случи во второто полувреме, кога домаќините целосно паднаа во играта. Ударник не успеа да го издржи темпото, па за краток период прими неколку голови и практично се распадна, што гостите знаеја максимално да го искористат.

Најдобриот стрелец во шампионот Тоше Манов со три гола ја „искината“ мрежата на Ударник, двапати погоди Дарко Нацев, а еден гол имаше Давид Велковски. За домашниот тим трите гола ги постигна Марјан Костадинов.

Со оваа победа, Овче Поле дополнително се зацврсти на лидерската позиција и направи огромен чекор кон освојување на титулата, која носи бараж за пласман во Втората лига. Од друга страна, по овој пораз, амбициите на Ударник за првото место претрпеа сериозен удар и шансите се сведени на „нула“.

Во останатите натпревари, Тиверија славеше со 2-1 против Малеш со што трите бодови останаа во Струмица. Мичо Митревиќ погоди во 30. минута за водство на домаќинот на полувреме. Во вториот дел Михаил Гошевски израмни на 1:1 во 46. минута, а во 63. минута погоди Мите Благоевски за конечни 2:1.



Брегалница Делчево убедливо триумфираше со 5-1 над Дојранско Езеро, Христина Крстов имаше три гола, а двапати погоди Еди Мандак, а гостинот единствен стрелец во 42. минута беше Илија Иванов.

Сигурна гостинска победа забележа и Хоризонт Турново, кој со 0-3 го совлада тимот на Карбинци. Искусниот Дејан Блажевски постигна два гола уште во првите четири минути и го откажа Карбинци од борба за три бода. Во вториот дел Наум Блажевски ја стресе мрежата на Карбинци за конечни 0:3.

Екипата на Победа Валандово беше слободна во ова коло.

Трката за врвот влегува во завршница, а Овче Поле сè повеќе се наметнува како главен фаворит за шампионската титула. Победа Валандово со три меча помалку од лидерот од Свети Николе се надева да го стигне.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!