Ракомет

Еурофарм Пелистер го „врза“ Никола Граховац

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со стратегијата за задржување на квалитетниот кадар, па така клубот официјално ја продолжи соработката со кружниот напаѓач Никола Граховац.

Иако релативно кратко време е дел од битолскиот состав, Граховац успеа да остави силен впечаток со своите настапи, што беше доволно за управата да реагира и да го обезбеди неговиот потпис и за следниот период. Новиот договор е со важност за сезоната 2026/27, со можност истиот да биде продолжен и за дополнителна година.

Хрватскиот интернационалец пред доаѓањето во Македонија настапуваше во неколку европски шампионати, градејќи искуство во Хрватска, Унгарија и Германија. Во редовите на Пелистер, тој ќе продолжи да биде важен дел од ростерот, особено на позицијата кружен напаѓач, каде заедно со македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Самоил Ристевски ќе претставуваат сериозна сила.

Од клубот не го кријат задоволството од продолжувањето на соработката.

„Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Еурофарм Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28. Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија. Кружниот напаѓач и во иднина ќе ги радува нашите навивачи, а со македонските репрезентативци – Жарко Пешевски и Самоил Ристевски ќе формираат огромен капитал на една од клучните позиции во ракометната игра“, велат од РК Еурофарм Пелистер.

Со овој потег, битолчани јасно покажуваат дека сериозно ги градат амбициите и за следните сезони, задржувајќи го јадрото на тимот кој веќе носи резултати.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!