Некатегоризирано

Како изгледа табелата во Трета лига – Југозапад? Кои екипи ќе се борат за бараж за Втора лига?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По десет одиграни кола во Трета лига – Југозапад лидер на табелата е Преспа од Ресен со 25 бодови на своето конто. Овој тим има учинок од осум победи, едно реми и еден пораз со постигнати 22 погодоци за трет најефикасен напад и примени пет погодоци со што тимот од Ресен ја има најдобрата одбрана во лигата.

На второто место е Кораби од Дебар, поранешниот второлигаш, кој минатата сезона беше шампион во овој третолигашки регион, но не го помина баражот за Втора лига, откако загуби во баражот од Вардарски од Богданци, шампионот на Трета лига – Исток.

По десет кола Кораби има 24 бодови, односно само бод помалку од Преспа, со учинок од осум победи и два порази, со втор најефикасен напад кој постигнат 25 гола.

На третото место е Сатеска од Волино со 23 бодови на своето конто со скор од седум победи, две ремија и еден пораз, а нападот на Сатеска е најдобар со 37 постигнати погодоци, но благодарение на Никола Секулоски, кој е најдобар стрелец со 21 постигнат гол, што значи дека повеќе од половина головите ги постигнал токму Секулоски.

Но, ако се погледне табелата може да се воочи фактот што Секулоски дал повеќе голови од дури седум екипи.

Овие екипи сериозно влегуваат во борбата за првото место и баражот за Втора лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

 

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕСПА 10 8 1 1 22 5 +17 25
2 ФК КОРАБИ 10 8 0 2 25 15 +10 24
3 ФК САТЕСКА с.Волино 10 7 2 1 37 21 +16 23
4 ФК ЕВРОТИП ОНЛАЈН 10 5 1 4 19 13 +6 16
5 ФК КАРАОРМАН 2017 10 5 0 5 16 17 -1 15
6 ФК КРАВАРИ 10 4 2 4 25 12 +13 14
7 ФК ВЛАЗНИМИ 10 4 1 5 17 19 -2 13
8 ФК Велешта Унитед 10 4 1 5 26 39 -13 13
9 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 10 2 5 3 15 16 -1 11
10 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 10 2 2 6 15 26 -11 8
11 ФК ДЕМИР ХИСАР 10 2 1 7 13 18 -5 7
12 ФК СВЕТЛОСТ 10 1 0 9 11 40 -29 3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за...

ФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22....

Поврзани написи
Некатегоризирано

ВИДЕО: Пелистер со четири голови го доби Новаци на „генералката“

Денес во Битола беше одиграна „генералката“ меѓу Пелистер и Новаци која заврши...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!