Прва женска фудбалска лигаФудбал

Цоклеска херој на Ас Јунајтед, Истатов и Љуботен пресилни, триумф за Тиверија Брера со хет-трик на Бошеска

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Сосема очекувана висока и убедлива победа славеше Истатов на гостувањето кај Кочани од 0:9, а во рамки на 20. коло на Првата женска фудбалска лига.

Радица Чоневa постигна дури пет гола, практично сама го победи Кочани, а по еден гол постигнаа Андреа Коловска, Ана Нешковска, Уна Јосевска и Севим Илјаз.

Тиверија Брера со “петарда” славеше над Речица (0:5), играч на мечот беше Ане Бошеска со хет-трик, а по еден гол постигнаа Билјана Панеска и Розита Пецева.

Лидерот Скопје со 0:2 славеше на „Железарница“ над Вардар со погодоците на Мила Панева и Рабија Дервиши.

Екипата на Љуботен исто така имаше победа од 0:9 во Битола каде славеше над Топ Гол. Хет-трик постигна Улза Максути, еднаш погоди Меланија Грозданова, Хава Мустафа и Евелин Амабиле Шварц, како и Наталие Анамариа Стркалј, а пак Елена Симјанова беше двоен стрелец.



Оливера Цоклеска со гол во 84. минута обезбеди победа од минимални 0:1 над Каменица Саса во дербито на колото кое се одигра во Македонска Каменица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Ударник реагира: На секое место во светот, оваа асистенција ќе беше кандидат за асистенција на годината, а не офсајд!

Третолигашот Ударник од Пирава го загуби натпреварот од Огражден во Ново Село со минимални 1:0, но по мечот веднаш излезе со соопштение во...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. Петтото издание на градската трка „Струмица на улица – Sunday run“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!