РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У21 поразена од Италија од квалификациите за ЕП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Италија, откако загуби со 4:0 во рамки на седмото коло од квалификациите за Европското првенство.

Домаќините уште од самиот почеток го презедоа контролата врз играта и поведоа во третата минута преку Шер Ндур. До крајот на првото полувреме, македонската селекција успеа да се одбрани и да ја задржи минималната негатива.

Сепак, во вториот дел следеше пад во играта на нашите фудбалери. Италија за краток период постигна уште два погодоци преку Лука Липани и Џеф Екатор, со што практично го реши прашањето околу победникот. Конечните 4:0 беа поставени во 86. минута, кога Сејду Фини реализираше удар од белата точка.

По седум одиграни натпревари, Македонија има освоено три бода и се наоѓа на претпоследното место во групата Е.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!