Прва лигаФудбал

Вареловски нов координатор на младинската школа на Тиквеш – доверба за капитенот во развојот на младите

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Во просториите на Општина Кавадарци се одржа состанок помеѓу градоначалникот Митко Јанчев и раководството на ГФК Тиквеш, на кој беше донесена важна одлука за иднината на клубската младинска школа.

На состанокот присуствуваа претседателот Миле Масларков, ко-сопственикот Цезер Браво, спортскиот директор Љупчо Трајковски, како и дел од родителите од младинската школа.

Клучната одлука од состанокот е назначувањето на актуелниот капитен на првиот тим, Александар Вареловски – Брзи, за нов координатор на младинската школа.

Покрај своите обврски како првотимец, Вареловски ќе има значајна улога во развојот на младите категории, следење на нивниот напредок и унапредување на тренажниот процес. Неговата задача ќе биде и да воспостави силна врска помеѓу младинската школа и сениорскиот тим, со јасна цел – создавање на нови првотимци за Тиквеш.

Од клубот изразуваат уверување дека со своето искуство, лидерство и посветеност, Вареловски ќе придонесе за дополнителен развој и успеси на младинската школа, која претставува важен сегмент во иднината на кавадаречкиот прволигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!