Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Сподели
ФОТО: ЖРК Вардар
Сподели

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да бидат дел од клубот.

Од клубот им се заблагодарија на Платон и Кузмановска за досегашната работа и придонесот во изминатиот период, посакувајќи им многу успех во понатамошната тренерска кариера.

Воедно, ЖРК Вардар информираше дека за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим е назначена Даниела Вељаноска-Новеска. За неа клубот е добро позната средина, со оглед на тоа што веќе работи со младинските категории.

Од Вардар изразуваат уверување дека нејзиното искуство и работа со младите ракометарки ќе придонесат за дополнителен развој и напредок на првиот тим во продолжението од сезоната.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во...

Ракомет

Јошида најави борба до последен здив: Охрид подготвен за двојниот европски предизвик!

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, го очекува нов европски...

Ракомет

Алкалоид со девет гола предност патува во Австрија по европскиот билет

Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!