Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот донесе голема борба и неизвесност до самиот крај, а бодовите на крајот беа поделени.

Ракометарот на Охрид, Реј Моралес, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека натпреварот бил исклучително тежок и дека неговиот тим чувствувал голем притисок поради важноста на средбата. Според него, тоа се почувствувало и во играта, особено во првото полувреме, но во вториот дел тимот влегол многу поконцентрирано. Сепак, Моралес нагласи дека Алкалоид е исклучително силен противник против кој дури и максималниот ангажман не гарантира успех.

„Ова беше многу тежок натпревар. Беше многу важен за нас и тоа создаде притисок со кој не се справивме најдобро во првото полувреме. Во второто полувреме почнавме многу пофокусирано, но Алкалоид е многу силна екипа и дури и кога ќе дадеш 200% од себе, успехот не ти е загарантиран.“- изјави Моралес за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

По ремито во „Билјанини извори“, Охрид и понатаму останува во трката за висок пласман во плеј-офот од Супер Лигата. До крајот на сезоната ги очекуваат уште неколку важни натпревари во кои секој бод може да биде од големо значење во борбата за позициите на табелата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!