Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло – водечките е екипи ги држат позициите кои ги имаат и пред отвара на оваа рунда. Охрид е на челната позиција со 46 бодови, а го следат Шкендија Арачиново како втора со 45 бодови, Скопје како трет со 44 бодови – екипи кои се во бараж зоната за Прва лига.

Брегалница е четврта со 43 бодови, а пак Беласица е петта со 40 бодови. Овие екипи ќе ја продолжат борбата за позициите кои водат кон Прва лига.

Останатите екипи веќе го губат тој чекор – Осогово доби најмногу во оваа коло откако Новаци и Детонит Плачковица загубија, па така „жетварите“ се израмнија на шестото место со Новаци, а радовишани завршија на осмото место.

Во бараж зоната мала промена – Кожуф и натаму деветти со 29 бодови, Тетекс е десетти со 27 бодови, Каменица Саса се спушта едно место подолу со 24 бодови.



Мала промена и во зоната за директно испаѓање во Трета лига – Вардар Неготино се врати на 12-то место со 15 бодови, Преспа сега е место подолу, а пак екипите на Победа, Слога Виница и Големо Коњари и натаму ги држат позициите кои ги имаат и во претходното коло.

  • ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 20 14 4 2 50 11 +39 46
2 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 20 14 3 3 35 12 +23 45
3 ➖ ФК СКОПЈЕ АД 20 14 2 4 46 17 +29 44
4 ➖ ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 20 13 4 3 44 14 +30 43
5 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 20 13 1 6 41 16 +25 40
6 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 20 11 3 6 35 17 +18 36
7 🔼 ГФК ОСОГОВО 20 11 3 6 28 15 +13 36
8 🔽 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 20 10 5 5 33 13 +20 35
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 20 7 8 5 25 15 +10 29
10 🔼 ФК ТЕТЕКС 1953 20 8 3 9 34 31 +3 27
11 🔽 ФК КАМЕНИЦА САСА 20 6 6 8 38 36 +2 24
12 🔼 ГФК ВАРДАР Неготино 20 4 3 13 25 59 -34 15
13 🔽 ФК ПРЕСПА 20 4 0 16 24 48 -24 12
14 ➖ ФК ПОБЕДА АД 20 3 2 15 13 64 -51 11
15 ➖ ФК СЛОГА 1934 20 2 2 16 17 50 -33 8
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 20 1 1 18 10 80 -70 4



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!