Останато

Радовишанецот Мирко Василев со бронзен медал на Светскиот куп во Италија

Сподели
Сподели

Младиот борец Мирко Василев од радовишкиот клуб Мај Тај Адреналин оствари голем успех на Светскиот куп во Италија, кој се одржа под организација на WAKO федерацијата, освојувајќи бронзен медал во силна меѓународна конкуренција.

Василев настапи во дисциплината К1 во категоријата до 71 килограм и на патот до медалот забележа одлични борби. Во четвртфиналето радовишанецот беше убедлив против претставникот на Австрија, Перо Челебиќ, кого го совлада со чиста победа од 3-0 поени.

Василев потоа загуби од Германецот Диберт-Бекоj Патрик, со што обезбеди бронзен медал на ова престижно натпреварување, а под водство на тренерот Влатко Петров.

Конкуренцијата на Светскиот куп беше исклучително силна, со учество на врвни борци од голем број држави, што дополнително го прави успехот на младиот радовишанец уште позначаен.



Мирко Василев важи за еден од најперспективните млади борци од Радовиш и член на клубот Мај Тај Адреналин, каде со голема посветеност и напорна работа веќе бележи значајни резултати на домашната и меѓународната сцена.

По успешниот настап во Италија, клубот Мај Тај Адреналин од Радовиш го очекуваат нови предизвици во текот на 2026 година. Меѓу позначајните натпреварувања на кои се планира настап се Европскиот куп во Босна и Херцеговина, Светскиот куп во Унгарија, како и Европското првенство, каде радовишките борци повторно ќе се обидат да остварат нови врвни резултати.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!