Останато

Кавадарци ги избра најдобрите: Данка Стојкова спортист на годината за 2025

Сподели
ФОТО: Митко Јанчев | facebook
Сподели

Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци се одржа традиционалната манифестација за прогласување на најуспешните спортисти за 2025 година, на која беа доделени признанија за најдобрите во повеќе категории.

Настанот се одржа во прекрасна атмосфера и во организација на Сојузот на спортови на Кавадарци, а на истиот присуствуваа претседателот на Советот на Општина Кавадарци, претставници од Министерството за спорт, претставници на спортските клубови од општината, спортисти, тренери и бројни љубители на спортот.

Кавадарци со години важи за расадник на спортски таленти, а локалната самоуправа во изминатиот период, предводена од градоначалникот Митко Јанчев и Советот на општината, континуирано вложува во развојот на спортот преку подобрување на инфраструктурата и поддршка на спортските дисциплини кои бележат напредок.

Спортот, покрај натпреварувачкиот карактер, има и големо значење за здравиот психофизички развој на младите.

На манифестацијата беа доделени признанија за најдобрите во 2025 година.

За најдобар спортски работник беше прогласен Дарко Цеков, додека признанието за најдобар тренер му припадна на Мартин Димитриовски. Наградата за најдобар спортски колектив ја доби Центарот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци, додека за најдобар млад спортист беше избран Никола Петров.

ФОТО: Митко Јанчев | facebook

Највисокото признание – спортист на годината за 2025 – и припадна на Данка Стојкова, која со своите резултати го одбележа спортскиот живот во Кавадарци во изминатата година.

Организаторите упатија честитки до сите наградени спортисти, нивните тренери и клубови за постигнатите резултати и за достојното претставување на градот, истакнувајќи дека Кавадарци со гордост ги следи нивните успеси.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!