Откако верната навивачка група „Винари“ излезе со соопштение во кое побараа преземање на резултатска одговорност, како и финансиски извештај за работата на клубот, веднаш управата на ГФК Вардар Неготино реагираше преку соопштение.
Како што е наведено во соопштението на клубот, јавен собир ќе има, на кои ќе се поканат верните „винари“, спортската јавноста, спортски работници со цел како што велат од клубот да се отворат картите и да се дискутира на теми поврзани со клубот.
- ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ВАРДАР НЕГОТИНО:
„Здраво живо до Почитуваната навивачка група Винари Неготино , до граѓаните кои коментираат на овој пост (некои од нив кои не се добро информирани) и до сите што го следат профилот на Винари Неготино. Во името на НОВАТА УПРАВА на ГФК Вардар (која го презема Вардар Неготино на крајот од месец Јули / почетокот на Август 2025 г)
Сакаме да ја информираме јавноста дека целосно стоиме за иницијативата на ВИНАРИ ДА ИМА ГОДИШНО СОБРАНИЕ. За нас како НОВА УПРАВА оваа нема да биде годишно собрание (бидејќи нема поминато година) туку ќе биде како што обеќавме:
Дека ќе има СОБИР НАПОЛУСЕЗОНА (сега) и на крај на Првенството – Годишно собрание (два пати во сезона ).Заради средување на стара документација (од стара управа) и заради изготвување на Завршна сметка бевме приморани за неколку денови да го пролонгираме Собирот на полусезоната што го обеќавме на одржаното Годишно собрание во месец Јули 2025г. Се извинуваме иако НЕ Е НАША ВИНА. ЗАТОА ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА ДЕКА ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК – НОВАТА УПРАВА НА ГФК ВАРДАР ЌЕ СВИКА ЈАВНА РАСПРАВА КАДЕ ЌЕ БИДАТ РАЗГЛЕДАНИ СИТЕ БАРАЊА НА ВИНАРИ. На самата Јавна расправа ќе бидат поканети сите спортски работници, почитуваната навивачка група ВИНАРИ, фирмите од општината и сите кои сакаат да присуствуваат.
СОБИРОТ ЌЕ БИДЕ ЈАВЕН во Големата сала на Собрание на Општина Неготино.По (неготински кажано: ЌЕ ГИ ОТВОРИМЕ КАРТИТЕ)
Ние како Нова Управа ќе дадеме образложение за нашето работење од месец – август 2025г до месец Февруари 2026 г. За 6/7 месечното работење во ГФК Вардар и план за понатамошно функционирање на ГФК Вардар. За Периодот на старата управа од 2023/2024 до Јули 2025 г. немаме целосни документи. Ќе се потрудиме да ги средиме – со Господ напомош. ЗНАЧИ ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК од деновите 13 до 19 март СВИКУВАМЕ СОБИР НА ПОЛУСЕЗОНАТА. Се гледаме – за ВАРДАР“, се вели во соопштението на второлигашот Вардар Неготино.
Клубот од Неготино се соочува со многу тежок предизвик за опстанок, шансите за директен опстанок веќе се невозможна мисија, а ако и во сабота не се добие Каменица Саса, тогаш тимот од „Цвај арената“ ќе се пакува за Трета лига – Југ.