Младинскиот тим на Мулти Есенс одигра неверојатен натпревар во домашниот шампионат, совладувајќи го Вардар Неготино со убедливи 86-17.
Еден од најзаслужните за оваа висока победа беше младиот ракометар Бобан Поповски, кој одигра фантастична партија и постигна дури 37 голови, што претставува редок учинок на еден натпревар, а со тоа дефинитивно Поповски е рекорден со број на постигнати голови на еден натпревар во македонскиот ракомет.
Домашниот состав уште од самиот почеток го контролираше мечот и не му остави простор на противникот да се надева на подобар резултат.
Со оваа победа Мулти Есенс ја продолжува одличната сезона и останува на самиот врв на табелата во младинската лига.