Трета лигаФудбал

Пробиштип останува без фудбал – Рудар нема да продолжи во Трета лига – Исток?

Сподели
ФОТО: ФК Рудар
Сподели

Пробиштип останува без сениорски фудбал, ФК Рудар нема да продолжи со натпреварување во Трета лига – Исток?

Според информациите на Спортска Мрежа, овој клуб и натаму нема се уште потврдено дали ќе продолжи со натпреварување, а според наши информации клубот од Пробиштип ја нема платено котизацијата за пролетниот дел, додека сите останати клубови ја завршиле оваа обврска и ја платиле котизацијата.

Како што претходно објави Спортска Мрежа, Рудар не го одиграни ниту одложениот меч од последното есенско коло со Хоризонт Турново, кој требаше да се одигра минатиот викенд со што поранешниот прволигаш од Турново доби службени три бода.

Во Трета лига – Исток претходно се откажа екипата на Светлост од Зрновци, а пред стартот на сезоната Вардарски од Богданци кој минатата сезона испадна од Втора лига не пријави учество во Трета лига – Исток. Сезоната започна со 11 екипи, а ќе продолжи со девет екипи.



Ова ќе биде поразително за Пробиштип што останува без сениорски фудбал, притоа ако се земе фактот што Рудар минатата сезона не се натпреваруваше во Трета лига – Исток, оваа сезона пријави учество и настапуваше во третолигашкиот шампионат, но во пролетниот дел нема да продолжи со натпреварување?

И во минатото имало сезони кога Рудар не бил активен со сениорскиот тим во Трета лига.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!