Останато

ФОТО: „Жетва“ на медали на радовишки Адреналин на Државното кикбокс првенство, следен предизвик – Светскиот куп во Италија

Сподели
Сподели

Радовиш доби нова кик-бокс приказна за паметење. Клубот по маи таи и кикбокс Адреналин од Радовиш блесна на своето прво учество на Државното првенство кое викендов се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, освојувајќи повеќе медали и испраќајќи силна порака дека станува збор за нов сериозен фактор на македонската сцена.

По триумфот во Пукет, Тајланд, радовишките борци ја продолжија победничката низа и на домашен терен. Иако за дел од нив ова беше прво официјално искуство на државен шампионат, во рингот настапија самоуверено, дисциплинирано и со шампионски менталитет.

Првото злато во клупската историја на државни првенства го освои Ефтерпи Димитрова (10 г.) во дисциплината кик лајт до 37 килограми, која славеше со прекин во втората рунда, демонстрирајќи целосна доминација.

Шампионската серија ја продолжија:

  • Спас Димитров (9 г.) – кик лајт (-37 кг)
  • Љупчо Крстев (17 г.) – К1 (-81 кг)
  • Милан Тасевски (16 г.) – К1 (-60 кг)
  • Мите Крстев (18 г.) – К1 (+84 кг)

Со ова Адреналин освои вкупно пет златни медали, што е импресивен биланс за дебитант на државната сцена.

Успехот беше надополнет со две сребрени одличја, кои ги освоија Ердем Мехмед (12 г.) во кик лајт (-37 кг) и Виктор Јованов (16 г.) во К1 (-67 кг).

Бронзен медал освои Неџмедин Мехмед (11 г.) во кик лајт (-37 кг), додека Василиј Ѓорѓиев (10 г.) заврши на четвртото место во категоријата над 47 килограми, заокружувајќи го одличниот настап на младата радовишка екипа.



Овој резултат претставува огромен чекор напред за клубот, кој со посветена работа и континуирани настапи на меѓународна сцена веќе гради препознатливо име.

  • Фокусот сега е ставен на Светскиот куп во Италија

Нема многу време за славење. Следниот голем предизвик е Светскиот куп на World Association of Kickboxing Organizations, кој овој месец ќе се одржи во Јесоло.

Македонија ќе ја претставува шампионот Мирко Василев, кој влегува во завршната фаза од подготовките со висок интензитет и јасна цел – достојно да ги брани боите на клубот и државата на една од најпрестижните светски сцени во кик-боксот.



Од Адреналин порачуваат дека ова е само почеток на сезоната исполнета со големи предизвици, силна конкуренција и нови можности за докажување. Со ваква генерација млади, мотивирани и амбициозни борци, радовишкиот клуб најавува дека неговото време допрва доаѓа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!