Втора лигаФудбал

Поп-Антоски: „Покажавме дека можеме рамноправно да се носиме со секој противник“

Сподели
Сподели

Екипата на Осогово стигна до минимална, но огромна победа од 1:0 над лидерот Охрид и по првпат од 2023 година „жетварите“ се израдуваа на триумф над „рибарите“. Досегашниот меѓусебен биланс беше целосно на страната на охриѓани – четири победи и едно реми – но овојпат кочанчани ја прекинаа негативната низа во меѓусебните дуели.

Триумфот е трет по ред за Осогово, и тоа без примен гол, што доволно говори за стабилноста во одбраната и формата во која се наоѓа тимот по зимските подготовки под водство на Крсте Крстев.

По натпреварот, своето видување го изнесе Христијан Поп-Антоски, кој за Спортска Мрежа истакна дека победата е резултат на тимска игра.

„Натпреварот беше борбен и неизвесен до самиот крај, со голема пожртвуваност и дисциплина од страна на сите играчи. Победата е резултат на тимска игра, максимален ангажман и почитување на тактичките задачи. Сметам дека Охрид е тим со најголем квалитет и најдобри услови во лигата, но ние покажавме дека можеме рамноправно да се носиме со секој противник.“

Осогово со оваа победа испрати јасна порака дека е подготвен за предизвиците во продолжението од сезоната, а атмосферата во соблекувалната е на високо ниво.

„Со победата од 1:0 против лидерот на табелата, ја остваривме и третата последователна победа (без примен гол). Во тимот владее одлична атмосфера и добра хемија меѓу помладите и поискусните фудбалери, при што сите вложуваат максимален ангажман за остварување на нашата цел.“



Нема многу време за славење. Веќе в сабота се играат натпреварите од 19. коло во Втората лига, а Осогово ќе гостува во Автокоманда кај Скопје.

Поп-Антоски е јасен околу следниот предизвик против „пиратите“, кои исто така имаат победничка низа во пролетниот дел.

„За три дена нè очекува нов тежок натпревар на гостински терен против екипата на ФК Скопје. Таму одеме да се надигруваме, да прикажеме квалитетна игра и со надеж дека ќе се вратиме со позитивен резултат во Кочани“,

Со ваква форма и самодоверба, „жетварите“ ќе патуваат во Скопје со желба да ја продолжат победничката серија и да останат во трката за висок пласман.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!