Во рамки на последното есенско коло во Трета лига – Исток се одигра пијанечко-малешевското дерби меѓу Брегалница Делчево и Малеш од Берово кое заврши со минимална победа за тимот од Берово од 0:1, но оваа минимална победа беше наголемо прославена во Берово.
Градскиот стадион во Делчево беше исполнет со над 1.500 публика, интересот за оваа дерби беше големо, а навивачи покрај од Делчево допатуваа и од Берово.
Фудбалерите на Малеш по враќањето во Берово наголемо ја славеа оваа победа, а Спортска Мрежа ви ја носи атмосферата од стадионот во Делчево, но и од Берово каде се славеше големата победа на Малеш.
Есенската полусезона заврши, Трета лига – Исток оди на зимска пауза, а натпреварите продолжуваат со пролетниот дел во месец март.
- АТМОСФЕРАТА ОД СТАДИОНОТ ВО ДЕЛЧЕВО И ОД ПРОСЛАВАТА ВО БЕРОВО: