Останато

Македонските тениски надежи до 14 години настапуваат на развојниот шампионат во Анталија

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младите македонски тенисери до 14 години се меѓу учесниците на развојните шампионати што се одржуваат во Анталија, Турција. Годинава боите на Македонија ги бранат Андреј Темов и Василиј Закоски во машка конкуренција, како и Деа Крстевска и Ведрана Танеска во женска.

За време на престојот во Анталија ќе се одиграат два турнира, а натпреварите од првиот започнуваат денеска. Во првото коло Андреј Темов, кој е поставен за четврти носител, ќе биде слободен, додека Василиј Закоски ќе се соочи со Самвел Геворгијан од Ерменија.

Кај девојчињата, Деа Крстевска во воведната рунда ќе игра против Јамила Хусензаге од Азербејџан, а Ведрана Танеска ќе ги одмери силите со Раниа Хаџиева, исто така од Азербејџан.

Делегацијата ја предводат јуниорскиот капитен Круно Деспотовски и неговата заменичка Тања Стојановска, кои ќе им бидат поддршка на младите тенисери на овој меѓународен настап.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!