Останато

Бразилското џиу-џицу официјално влегува во Радовиш – семинар со врвни тренери од Team Carvalho во СРЦ „25 Мај“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре во малата сала на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш ќе се одржи значаен спортски настан со кој и официјално ќе се постават контурите на бразилското џиу-џицу (BJJ) во градот.

Како што претходно најавуваше Спортска Мрежа, во Радовиш се отвора нов клуб под капата на американскиот тим Team Carvalho. Токму утрешниот семинар е првиот чекор кон развојот на овој спорт во регионот.

Главно име на настанот е Bruno Carvalho – бразилски тренер по бразилско џиу-џицу, црн појас 5-ти степен и поранешен професионален ММА борец. Роден во Салвадор, Бахија, Бразил, во семејство со богата традиција во боречки вештини (џудо, BJJ и вале тудо), Карваљо веќе пристигна во Радовиш каде утре ќе го пренесува своето знаење и искуство на тренерите и натпреварувачите од Македонија.

Семинарот ќе има и практичен дел, а покрај тренери од Македонија, најавено е присуство и на натпреварувачи кои активно ќе учествуваат во тренажниот процес.

Bruno Carvalho е основач и водечки тренер на Team Carvalho, организација која има клубови во повеќе држави, меѓу кои САД, Норвешка и Шведска.



Важна улога во реализацијата на овој проект има и Стојан Арангелов – црн појас и еден од тренерите на Team Carvalho во Патерсон, Њу Џерси, кој е и иницијатор за доаѓањето на тимот во Македонија. На настанот ќе присуствува и тој, како и Методија Зајков – лилјаков појас и еден од тренерите кој ќе го води клубот во Радовиш.

Целта на настанот е официјално претставување на бразилското џиу-џицу во Радовиш и промоција на новиот клуб кој веќе располага со сопствена сала. Дел од салата е веќе опремена, а во тек е дополнително доопремување со цел во наредниот период истата да биде целосно подготвена за квалитетен тренажен процес.



Со најмладата група во радовишкиот клуб ќе работи Изабела Зајков – млад спортски талент за кој Спортска Мрежа веќе пишуваше. Нејзиното вклучување во проектот дополнително дава тежина и перспектива на развојот на овој спорт во градот.

Со утрешниот семинар, Радовиш прави сериозен чекор кон позиционирање на мапата на боречките спортови во Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот на бразилското џиу-џицу.

Радовишкиот клуб веќе на 7 март заминува за Словачка, Братислава, каде ќе земе учество на силен турнир во бразилското џиу-џицу.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!