Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал стартуваше со триумф на клупата на Македонија, падна Луксембург во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Новиот селектор Берокал дебитираше со победа против Луксембург. Во третиот натпревар од групата „А“ во претквалификациите за Евробаскет 2029, машката репрезентација на Македонија оствари убедлива победа против селекцијата на Луксембург.

Со овој триумф, „црвено-жолтите“ остануваат со максимален ефект по три кола – три натпревари и три победи, што ги задржува на лидерската позиција во групата.

Нашата селекција уште во првото полувреме изгради сигурна предност (44:32). Тимот прикажа стабилна игра во нападот, со солидна реализација за два поени (12/19 – 62%), додека за три поени шутираше 5/15 (33,3%). Беа запишани и 11 асистенции, а најмногу – шест, имаше Марин Петков.

По паузата, Македонија ја зголеми разликата и на +20 (54:34), но гостите успеаја да намалат до крајот на третата четвртина (59:49). Сепак, нашите кошаркари не дозволија неизвесна завршница – ја задржаа контролата и мирно го приведоа натпреварот до конечна победа.

Андреј Јакимовски беше најефикасен со 17 поени, дополнети со седум скока и четири асистенции. Ефремовски внесе свежина од клупата и натпреварот го заврши со 13 поени. Повратникот во националниот тим, Етан Хап, оствари дабл-дабл учинок од 15 поени и 14 скока.

Следниот натпревар Македонија ќе го одигра на 2 март во Баку против репрезентацијата на Азербејџан, во обид да ја продолжи победничката серија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!