РакометФудбал

(ВИДЕО) Пионерите на РК Радовиш подготвени за пролетниот дел – Игор Конзулов гради нова генерација

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Пионерската екипа на РК Радовиш успешно ги одработи зимските подготовки и максимално подготвена ќе го дочека пролетниот дел од сезоната во Пионерска ракометна лига на Македонија.

Под водство на тренерот Игор Конзулов, младите ракометари минаа низ сериозен и квалитетен тренажен процес. Дел од подготовките беа реализирани во спортската сала при гимназијата „Коста Сусинов“ во Радовиш, а дел во Спортско-рекреативниот центар „25 Мај“, каде што пионерите работеа на физичка подготвеност, техничко-тактички елементи и тимска игра.

Конзулов е добро познато име во ракометната јавност. Поранешен ракометар на Радовиш, а подоцна и дел од управата на клубот во периодот кога тимот се натпреваруваше во Суперлигата, денес е посветен на создавање нова генерација која во иднина ќе го носи сениорскиот дрес.

Во изминатите години дел од ракометарите од поранешните генерации заминаа во странство или во други клубови, а некои ја прекинаа кариерата, па затоа фокусот сега е ставен на работа со младите категории. Конзулов паралелно работи и со најмладите – деца на возраст од седум години, кои ги прават првите чекори во ракометот.



Како професор по спорт, тој максимално го вложува своето знаење и искуство во правилен раст и развој на децата, градејќи основа која треба да донесе идни младински и сениорски репрезентативци на клубот. Атмосферата на тренинзите е позитивна и мотивирачка, а бројката од 25 до 30 деца на секој тренинг е показател дека ракометот во Радовиш повторно добива силна база.

Овој масовен одзив е охрабрувачки сигнал дека клубот има иднина и дека преку континуирана работа со младите може повторно да создаде генерација што ќе биде столб на сениорскиот тим на РК Радовиш.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!