Втора лигаФудбал

Кочоски по историскиот успех во Купот: „Го анализиравме противникот“ – сега следува битка со Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели

Лидерот во Втората лига, Охрид, испиша историја откако за првпат се пласираше во полуфиналето на Куп на Македонија, елиминирајќи го актуелниот освојувач Вардар по изведување пенали со 2:4, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1.

За „рибарите“ ова е историски успех и потврда дека располагаат со квалитетен тим и млад, амбициозен тренер. Охрид јасно цели кон влез во Првата лига.

Младиот стратег Ромео Кочоски, откако го презеде кормилото на тимот, го покажува својот квалитет и успешно го води Охрид на патот кон елитата, а притоа веќе направи историја со пласманот во полуфиналето од националниот Куп.

„Не можеме да го сокриеме задоволството од победата. Вардар е третиот прволигаш што успеавме да го елиминираме во Купот што мислам дека доволно зборува за нашиот квалитет. Што се однесува до натпреварот, одигравме доста храбар и дисциплиниран натпревар. Успеавме да го неутрализираме Вардар и да искористиме една од повеќето прилики што ги имавме за гол во текот на натпреварот. Сите честитки одат кон моите играчи кој покажаа верба и карактер од самиот почеток па до самиот крај“, изјави Ромео Кочоски за Спортска Мрежа.

Охрид во полуфиналето ќе се соочи со прволигашот Силекс, кој го елиминираше второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш. Сепак, фокусот сега е на првенството – веќе в сабота следува дерби-пресметката со Шкендија Арачиново на стадионот „Билјанини Извори“.

Верните „рибари“ се мобилизираа и најавуваат максимална поддршка, а пред натпреварот, како што веќе објави Спортска Мрежа, од грлото на Ѓоко Танески ќе одекне популарната „Лихнида кајче веслаше“, химна на фудбалерите, ракометарите, кошаркарите и на целиот охридски спорт.

Влогот од овој меч е огромен. Доколку Охрид слави, ќе има плус четири и ќе се одлепи на врвот на табелата во однос на Шкендија Арачиново. Со реми ќе остане лидер со плус еден, додека пораз би значел нов лидер од Арачиново.



Токму Кочоски во изјавата за Спортска Мрежа нагласува дека многу работи зависат од овој натпревар и дека противникот е детално анализиран.

„Многу работи во лигата зависат од овој натпревар. Ние сме свесни за тоа и ќе го искористиме како дополнителен мотив. Го анализиравме противникот, добро ги познаваме нивните можности. Имаме време да се спремиме и се надевам дека распоредот нема да посмета со противникот да прикажеме квалитетен натпревар“, ни изјави Кочоски.

Младиот стратег очекува силна поддршка и се надева на нова победа, која би била десетта во низа.

„Во сабота очекувам фудбалски ден во Охрид како што немало подолг период. Играчите заслужуваат поголема поддршка бидејќи се најзаслужни за тоа што ГФК Охрид се движи во правецот што беше зацртан. Се надевам дека ние ќе ги израдуваме со десеттата победа во низа“, дополнува Кочоски за Спортска Мрежа.

Дерби-пресметката меѓу Охрид и Шкендија Арачиново започнува во 14 часот, а публиката треба да биде на стадионот најмалку половина час порано. Влезот чини 300 денари, додека за сите жители на Охрид, со приложување лична карта, влезот ќе биде бесплатен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора, во кој беше поразена со 1:0. Натпреварот...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција, по пауза од 15 години, повторно ќе се одржи во главниот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ВИДЕО: Петар Левков со шест гола го однесе Кеги Моби во полуфиналето на Купот

Кеги Моби е последниот патник во полуфиналето во футсал Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!