Ракомет

„Ова не е крајна цел, туку поттик да поставам уште повисоки стандарди“ – Илија Трајчески по признанието од Општина Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Младиот лев бек на ГРК Охрид, Илија Трајчески, е талент кој уште од пионерски категории беше водечка фигура, лидер и МВП на шампионскиот тим. На само 14 години потпиша професионален договор и се приклучи на сениорскиот состав на ГРК Охрид, каде тренерот Борис Ројевиќ му дава шанса да се развива и натпреварува на највисоко ниво.

Трајчески беше дел и од составот што дебитираше на европската сцена во ЕХФ Купот, добивајќи шанса за настап со првиот тим веќе како млад играч.

Играјќи како лев бек, тој не само што доминираше во младинските категории туку брзо го привлече вниманието на тренерскиот штаб на ГРК Охрид, што резултираше со потпис на професионален договор уште на 14-годишна возраст. Како еден од најперспективните млади ракометари во Македонија, Трајчески веќе доби минутажа и на европска сцена и стана дел од сениорскиот тим, потврдувајќи дека расте како играч што ќе остави белег во домашниот и регионалниот ракомет.

ФОТО: ГРК Охрид

Во изјава дадена за Спортска Мрежа, младиот Илија Трајчески ги изрази своите чувства по доделувањето на признанието „Спортска надеж“ за 2025 година од Општина Охрид.

Тој истакна дека ова признание за него е голема чест и го гледа како потврда дека со дисциплина, карактер и упорност може да се стигне далеку. За Трајчески, наградата не е крајна цел, туку поттик да постави уште поголеми стандарди, и ја поврза со мотивацијата и одговорноста што ја носи како млад спортист во професионална средина.

„Признанието ‘Спортска надеж’ за 2025 година за мене е голема чест, но и доказ дека со дисциплина, карактер и упорност може да се стигне далеку. Ова не го гледам како крајна цел, туку како поттик да поставам уште повисоки стандарди за себе. Наградата ми носи и мотивација и одговорност – мотивација да продолжам да напредувам, а одговорност да го оправдам ова признание со уште подобри резултати. Свесен сум дека од мене се очекува повеќе, и подготвен сум да го дадам тоа.”

ФОТО: ГРК Охрид

Исто така, посебно истакна дека му значи што ја добива оваа награда во својот град и дека ќе продолжи со гордост да го претставува Охрид.

,,Посебно ми значи што ова признание го добивам во мојот град. Да се докажеш пред своите луѓе е најголема вредност. Гордо ќе продолжам да го претставувам својот град и да работам за уште поголеми успеси.“- вели Трајчески за Спортска Мрежа.

Со ваков карактер и зрел став кон признанието „Спортска надеж“, Илија Трајчески покажува дека станува збор за сериозен личен проект — градење на кариера со дисциплина, решителност и љубов кон својот клуб и град.

ФОТО: ГРК Охрид

На само 15 години, со сериозни искуства и професионален договор зад себе, тој станува еден од најветувачките млади ракометари во Македонија, со јасна визија за иднината и желба да го оправда секое признание што му е доделено.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Рудар нема да допатува – Хоризонт Турново ќе добие службени три бода?

Натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Рудар Пробиштип нема да се одигра, иако беше закажан за 1 март, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Станува збор...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Света Троица од Охрид се засили со Шенол Меди

Третолигашот Света Троица од Охрид за пролетниот дел во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад се засили со искусниот Шенол Меди. 33-годишниот Охриѓанец...

Поврзани написи
Ракомет

Савревски: „Секој натпревар во плеј-офот значи многу“

По успешниот настап во регуларниот дел од Супер Лигата, ракометарите на ГРК...

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!