Ракомет

Савревски: „Секој натпревар во плеј-офот значи многу“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По успешниот настап во регуларниот дел од Супер Лигата, ракометарите на ГРК Охрид, викендов го започнуваат најважниот дел од сезоната. Во рамки на првото коло од плеј-офот, охриѓани гостуваат кај РК Бутел Скопје во салата „Антон Димитров“, во натпревар кој може да го навести правецот на продолжението од шампионатот.

Во таборот на Охрид владее максимална сериозност. Десниот бек на охриѓани, Давид Савревски, го најави мечот и потенцира дека тимот е добро запознаен со противникот, бидејќи неодамна ги одмериле силите, а во плеј-оф фазата секој бод има посебна тежина. Според него, клучот ќе биде цврстата одбрана и трпеливата, паметна игра во нападот.

„Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел во Скопје. Неодамна одигравме натпревар со нив и знаеме што нè очекува. Секој натпревар во плеј-офот значи многу, подготвени сме со цврста одбрана и паметна игра во нападот да стигнеме до нови бодови.“- изјави Савревски.

ФОТО: ГРК Охрид

Јасно е дека Охрид во плеј-офот влегува со амбиција и самодоверба. Почетокот секогаш носи дополнителен притисок, но и можност за силна порака – а охриѓани сакаат токму тоа, старт со победа и чекор поблиску до целта.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!