Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Марин Петков: Победа против Луксембург е клучна за нашата селекција

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Младиот бек Марин Петков повторно е дел од сениорскиот национален тим на Македонија, откако претходно повреда на слабините го спречи да игра во финалните „12“ во претквалификациите за Светскиот куп 2027 година.

По закрепнувањето и одличните партии во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, Петков деновиве учествува на тренинзите со националниот тим пред почетокот на февруарскиот ФИБА „прозорец“. Македонија ќе одигра два натпревари од групата „А“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, а првиот од нив е закажан за петок во 18:00 часот против Луксембург, во целосно реновираната сала во „Градски парк“ во Скопје.

„Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, и имаат две победи во првиот круг. Победата е доста важна, можам да кажам дека би била и најважната во овие два меча кои следуваат“, вели Петков, кој додава дека тимот полека се прилагодува на барањата на новиот селектор Жозеп Мариа Берокал и неговите соработници.

„Интересно е на тренинзите. Системот е сличен, но и различен. Во овие два-три дена поставивме планови за играта во одбрана и напад. Мислам дека на секоја репрезентација би ѝ одговарал шпанскиот стил на игра. Сите знаеме дека Шпанија е една од најдобрите кошаркарски земји, заедно со САД и Србија. Стилот сигурно ќе изгледа добро, а ние одиме на победа“, додава младиот репрезентативец.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милеска го објави списокот на фудбалерки за турнирот во Струмица

Селекторката на репрезентацијата до 17 години, Катерина Милеска го објави списокот на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за контролните натпревари со Бугарија

Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот Македонија – Луксембург

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот Македонија-Луксембург, кој е дел...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Жозеп Мариа Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија, долг е патот но ќе дадеме максимум

Новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!