Прва лигаФудбал

Лусианињо херој во Ѓорче: Тиквеш со минималец до големи три бода

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Тиквеш ја продолжи позитивната серија оваа пролет и со победа се врати од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров (0-1) во рамки на 19. коло од ПМФЛ. Кавадарчани со новите бодови се искачија на седмото место на табелата и направија значаен чекор во борбата за опстанок.

Гостите беа поагресивни и поиницијативни во првото полувреме, но не најдоа начин да го совладаат расположениот Ристо Јанков, кој интервенираше во неколку наврати и ја одржа својата екипа во игра. Тиквеш дополнително се соочи со проблем поради повредата на капитенот Даниел Мојсов, кој мораше предвреме да го напушти теренот.

Во вториот дел динамиката се засили. Мрежата на домаќините се затресе по ударот на Сила, но погодокот беше поништен поради недозволена позиција. Сепак, тоа беше најава дека кавадарчани се поблиску до водство.

Одлуката падна во завршницата. По една акција по десната страна и мешаница во шеснаесетникот, топката се одби до Лусианињо, кој од непосредна близина ја испрати во мрежата и ги постави конечните 0-1.



До крајот „лавовите“ немаа вистинска реакција, па Тиквеш сосема заслужено ги однесе трите бода од Скопје. Со оваа победа тимот од Кавадарци има 24 бодови, додека Македонија Ѓорче Петров останува во опасната зона со 19.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!