Втора лигаФудбал

Поради немање ВАР, Детонит Плачковица четвртфиналето од Купот ќе го игра во Кратово

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица нема да може да го одигра четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Силекс на Градскиот стадион во Радовиш. Причината е тоа што стадионот нема ВАР-технологија, која согласно пропозициите е задолжителна од оваа фаза на натпреварувањето.

Во Втората лига ниту еден стадион нема ВАР-технологија, бидејќи истата не се применува во второлигашкиот шампионат.

Од таа причина и второлигашот Шкендија Арачиново четвртфиналето од Купот на Македонија против прволигашот Работнички ќе го игра на стадионот на Башкими во Куманово, наместо на „Хасанбег арената“ во Скопје, каде што ги игра своите домашни натпревари.

Радовишани во четвртфиналето ќе се соочат со прволигашот Силекс, а наместо пред домашна публика, натпреварот ќе мора да го одиграат на друг стадион, односно на стадионот на Силекс во Кратово, во среда со почеток од 14 часот.

Дека ВАР е задолжителен во четвртфиналето од Купот на Македонија, стои и во самите пропозиции за сезоната 2025/2026 од ова натпреварување.

Член 3а

(1) Доколку клубот-домаќин за натпревар од четвртфинале на КУП и полуфинале на КУП нема инфраструктурни услови за примена на ВАР технологија на стадионот кој го има пријавено за натпреварување, натпреварот ќе се игра на стадион на кој постојат инфраструктурни и технички услови за примена на ВАР технологија, за што е должен да ја извести Комисијата за натпреварување најдоцна седум дена пред одигрувањето на натпреварот.

Претседателот на ФК Детонит Плачковица, Јовица Трајчев, вели дека се принудени четвртфиналниот меч да го одиграат на друг терен, бидејќи во Радовиш нема ВАР.



Притоа, како клуб им се извинуваат на сите радовишани, навивачи и на целата спортска јавност, повикувајќи ги сите кои се во можност да дојдат во Кратово и да им дадат силна поддршка во обид радовишани да испишат нова историја во Купот со пласман во полуфиналето.

“Почитувани радовишани, навивачи и почитувана спортска јавност,

Ве известуваме дека Градскиот стадион во Радовиш нема имплементирано ВАР-технологија, ниту пак ги исполнува условите за нејзино воведување во овој момент.

Поради тоа, како фудбалски клуб сме принудени четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Силекс да го одиграме на алтернативен терен, односно на стадион каде што се исполнети условите за користење ВАР-технологија.

Согласно пропозициите за Купот на Македонија за сезоната 2025/2026, ВАР-технологијата започнува да се применува од четвртфиналната фаза.

Натпреварот против Силекс, нашиот клуб ќе го одигра на стадионот на Силекс во Кратово, во среда од 14 часот.

Поддршката од трибините ќе ни значи многу, сите кои ќе бидете во можност да го проследите нашиот меч против тимот од Кратово.

Ви благодариме на разбирањето и поддршката”, вели Јовица Трајчев, претседател на ФК Детонит Плачковица.

Иако без можност да играат пред своите навивачи во Радовиш, од клубот очекуваат силна поддршка во Кратово во еден од најважните натпревари сезонава, каде што ќе се обидат да приредат изненадување против искусниот прволигаш во обид за нов клупски успех во Купот на Македонија.



Детонит Плачковица минатата сезона за првпат стигна до четвртфиналето, каде што беше елиминиран од тетовска Шкендија, а оваа сезона радовишани повторно се меѓу осумте најдобри во Купот.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Дерби во Штип: Астибо игра против Пелистер и бара силна поддршка од трибините!

Ракометарките на Астибо во четврток играат дерби меч против Пелистер, во рамки на 17. коло на Супер лигата. Ова е клучно дерби кое...

Ракомет

Алушовски: „Нема што да загубиме, можеме само да добиеме“ – Пелистер против Барселона за последен тест пред дербито дома

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе гостуваат кај Барселона во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако шансите за пласман...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Каков е распоредот во третиот круг во ПМФЛ – како ќе биде за титулата?

Познат е распоредот за третиот круг во Првата македонска фудбалска лига, каде...

ОстанатоФудбал

ВИДЕО: Големиот фудбал ќе се враќа во Крива Паланка!

По добивањето на новите спортски трибини на Градскиот стадион во Крива Паланка...

ОстанатоФудбал

ФОТО: Градскиот стадион во Крива Паланка доби нови трибини со капацитет од 1050 седишта

Спортската инфраструктура во Крива Паланка доби значајно унапредување, откако денес официјално беа...

Прва лигаФудбал

Манојлов од клупата херој на Работнички: „Романтичарите“ со минималец го совладаа Арсими

Фудбалерите на Работнички остварија важна победа од 1:0 против Арсими во последниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!