Прва лигаФудбал

Беќири: Шкендија не се предава, лош терен за игра во Кратово

Сподели
Сподели

Шкендија успеа да слави во рамки на 19. коло во Првата лига, откако го совлада Силекс во Кратово со 1:2.

Тамба (17’) и Зејнулаи (89’) ги постигнаа головите во победата на Шкендија во Кратово, додека домаќините реализираа преку Бутуровиќ на крајот од првото полувреме (45’).

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири по мечот за клупскиот сајт зборуваше за мечот во Кратово, победа која е многу важна во трка за титулата, теренот и предизвиците кои престојат пред тимот од Тетово.

„Задоволен сум од добиената битка, бидејќи не можам да зборувам за фудбалот. Ова овде, на овој терен, нема врска со фудбалот. Задоволен сум од карактерот и ангажманот на фудбалерите. Со малку повеќе среќа можевме подобро да го затвориме првото полувреме, примивме гол во многу незгоден момент. Потоа имаше моменти кога и ризикувавме, но имавме и моменти кога можевме да победиме, како и моменти кога можевме да го загубиме натпреварот. Важно е што ние ризикувавме, внесовме и повеќе офанзивни играчи. Јас секогаш велам дека среќата ги следи тие што се борци и што го даваат максимумот. Мислам дека екипата покажува карактер, Шкендија е многу квалитетен тим. Денес дојдовме со многу проблеми, имавме три-четири дефанзивци со повреди, кои не беа 100% подготвени. Ако ризикував да ги ставам од почеток, можеше да ги загубиме на подолг период, а ние имаме натпревари на секои три дена и немам луксуз за таков ризик. Но, имам доверба во сите фудбалери што ги имаме на располагање и тие што денес настапија на местото на играчите со повеќе минути се покажаа во добро светло. Сепак, многу сум разочаран од моментот во кој се наоѓаме и од начинот на кој треба да играме фудбал во вакви услови. Нормално, би сакал да играме фудбал, а не класична борба. Во првото полувреме игравме перфектно. Да искористевме една од шансите и барем да не примевме гол во таа многу проблематична минута, верувам дека ќе победевме полесно. Секогаш би претпочитал да победиме вака како што победивме, затоа што се гледа менталната сила и духот на фудбалерите, кои во четврток одиграа 90 минути, а и следниот четврток повторно ќе имаат 90 минути. Верувам дека Шкендија е подготвена да се бори во секој момент. Шкендија нормално дека не се откажува. Шкендија ќе биде уште посилна со текот на неделите. Ќе продолжиме да веруваме во позитивни резултати и во ниту еден момент не мислам дека треба да се предадеме, ниту ќе се предадеме. Ќе останеме цврсти и ќе се бориме до последното коло за да го добиеме тоа што овој тим го заслужува од фудбалски аспект“, вели тренерот Јетон Беќири.

Шкендија е втора на табелата со 45 бодови, а пак Вардар е на врвот со 51 бод.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!