Ракомет

Дерби уште на стартот: Плеј-офот почнува со огнени пресметки

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната, во просториите на Ракометна федерација на Македонија беа извлечени броевите за плеј-оф фазата во машката Суперлига. Битката за титулата и местата што водат во Европа започнува на 28. Февруари, а уште првото коло носи сериозни возбудувања и дерби-пресметки.

Според бергеровиот систем, сезоната ќе кулминира со неколку големи дербија, а најголемото – меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер – е закажано за второто и шестото коло.

Но, и самиот старт носи жестоки дуели:

  • Тиквеш – Еурофарм Пелистер
  • Бутел Скопје – ГРК Охрид
  • Алкалоид – Вардар 1961

Вардар ќе гостува во Автокоманда кај Алкалоид, во дуел кој веднаш ќе покаже во каква форма влегуваат „црвено-црните“ во завршницата од сезоната. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, пак, ќе има незгодно гостување во Кавадарци против мотивираниот Тиквеш.

Освен двомечот меѓу првакот и вицепрвакот, неизвесност се очекува и во пресметките со Охрид и Бутел, па речиси секое коло ќе носи барем по едно дерби. Конкуренцијата е изедначена, а бодовите од самиот старт може да се покажат како клучни во трката за титулата. Новата шампионска екипа ќе биде крунисана на 31 Мај.

Плеј-офот ветува драматична и неизвесна завршница на сезоната. Нема простор за кикс – секој бод ќе тежи двојно, а првото коло веќе го поставува тонот: дерби атмосфера уште од самиот старт.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!