Трета лигаФудбал

Слога Виница е есенски шампион, Влатко Коцев го реши Карбинци, дербито во Делчево му припадна на Малеш!

Сподели
Навивачка атмосферата на Градскиот стадион во Делчево
Сподели

Со денешните натпреварите од 9. коло заврши есенската полусезона во Трета лига – Исток, со што овој третолигашки регион прв оди на зимска пауза, есенски шампион на Истокот е третолигашот Слога од Виница.

Денешната деветта рунда од пет натпревари донесе пет дерби натпревари, практично ждрепката го направи атрактивно оваа коло, со неизвесни дерби дуели.

Дербито на колото се играше во Виница каде се соочија лидерот Слога Виница и второпласираниот Овче Поле, во дерби каде Слога Виница славеше со 2:1. Амедов и Николов постигнаа два брзи гола за водство на домашниот тим, а потоа во 42. минута Трендафилов постигна гол за конечни 2:1.

Пијанечко-малешевско дерби се одигра во Делчево каде се соочија екипите на Брегалница Делчево и Малеш од Берово, во натпревар каде двете екипи имаа силна поддршка од трибините, исходот од оваа супер-дерби беше минимална победа за тимот од Берово, а стрелец на победничкиот гол кој падна во 88. минута беше Марјанчо Пачарски.

На оваа големо дерби имаше повеќе од 1.500 публика и практично беше голем фудбалски празник за овие два града односно за Делчево и Берово.

Локално дерби во Зрновци одиграа екипите на Светлост и Карбинци, соочување каде домаќинот кој е новајлија во лигата бараше втора радост против Карбинци кој сезонава е многу подобар во однос на ланската, но денес натпреварот го реши искусниот Влатко Коцев со два погодоци за триумф на Светлост од 2:1. За гостинскиот тим погоди Натков.

Струмичко дерби се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново каде Тиверија се соочи со некогашниот прволигаш и поранешен вицешампион Хоризонт Турново, убедлива победа од 0:4 однесе тимот на Турново, во меч каде Васко Коцев беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Коцевски и Мицевски.

Регионално дерби на Југот се одигра во Пирава каде последнопласираниот Ударник го пречека тимот на Дојранско Езеро, каде домаќинот преку пресврт славеше втора победа од 3:1. Митков го донесе гостинот од Дојран прв до водство од 0:1 на полувреме во Вториот дел Грбашлиев, Дончев и Шата постигнаа погодоци за конечни 3:1.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК СЛОГА 1934 9 8 0 1 36 6 +30 24
2 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 9 5 2 2 21 8 +13 17
3 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 9 4 3 2 15 12 +3 15
4 ФК Брегалница 1926 9 4 2 3 13 11 +2 14
5 ОФК МАЛЕШ 9 4 1 4 8 15 -7 13
6 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 9 3 3 3 16 19 -3 12
7 ФК КАРБИНЦИ 9 3 2 4 11 11 0 11
8 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 9 2 2 5 10 22 -12 8
9 ФК УДАРНИК 9 2 1 6 11 20 -9 7
10 ФК ТИВЕРИЈА 9 2 0 7 11 28 -17 6

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: ФК Џокер со учество на над 250 турнири во Македонија и странство, дечињата не плаќаат членарина!

Фудбалскиот клуб Џокер од селото Фурка кај Дојран е формиран во 2018 година, клуб кој посетува своe играчиште на кое тренираат сите дечиња....

Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во Сандански, Бугарија, истиот го загуби со 3:2 од бугарскиот тим, но...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во...

Прва лигаФудбал

Прволигашки пријателски меч: Беса подобра од Пелистер со два гола!

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид се одигра пријателски меч на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Каршиака со 15 гола славеше над Карадаку, големи победи за Енхалон и Кораби

Вчера беа одиграни уште четири натпревари за вкупно пет од 10. коло...