Трета лигаФудбал

Реми на дербито меѓу Превалец и Росоман, „кикс“ на Големо Коњари, „петарда“ на Ултрас

Сподели
Сподели

Десеттото коло во Трета лига – Југ го донесе дербито меѓу Превалец и Росоман, кое заврши со по еден гол (1:1), но без победник.

Типичен првенствен третолигашки натпревар, домашниот тим може да жали бидејќи не реализираше пенал во 60. минута. Многу борбеност од страна на двете екипи, со желба за победа. Поделен по еден црвен картон, фер и коректно судење од страна на судиите.

Гостинот преку Миловановиќ прв дојде до водство во 18. минута, а веќе во 30. минута Стефановски ги постави конечните 1:1.

Реми без погодоци (0:0) подиграа Бучин и Венец од Долни Дисан, а пак Младост добива службени три бодови од Обршани кој се откажа од натпреварување (3:0 службен резултат).

Ултарс со 5:0 го збриша тимот на Слога на теренот со вештачка трева во Прилеп, во меч каде Тасески и Тошески беа двојни стрелци, а стрелец на првиот гол беше Паноски.

Башкими 2008 и лидерот Големо Коњари ги поделија бодовите откако одиграа реми со по еден гол 1:1 во меч каде во првиот дел немаше погодоци. Ахмедовски погоди за 1:0, во 60. минута, а десет минути подоцна Андреевски постигна гол за конечни 1:1.

Реми со по еден гол (1:1) и на мечот меѓу Влазними Јуниор и Дреново откако Мемедов даде гол за 0:1 во првиот дел, а во вториот дел Усеиноски погоди за конечни 1:1.

Слободна беше екипата на Питу Гули во рамки на 10. коло во Трета лига – Југ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!