Втора лигаФудбал

Дербито на Истокот за Детонит, Брегалница се спаси, Новаци до три бода!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 12. коло од Втората лига во Радовиш се одигра Источното дерби меѓу Детонит Плачковица и Беласица, меч каде и радовишани и струмичани имаа силен императив за трите бодови. Како што веќе направи комлетна анализа Спортска Мрежа за Беласица која промовира млади играчи, настапува со фудбалери кои покажаа и докажаа дека може да се носат со второлигашките предизвици и практично Беласица помина многу екипи на второлигашката табела, меѓу кои и Детонит Плачковица, па токму затоа денес во дербито на Истокот, Беласица имаше силен мотив, но радовишани беа подобри со 2:1. Настевски даде гол за 50 секунди, а Јово погоди за 1:1.

Поп Антоски постига гол за конечни 2:1.

Брегалница по поразот од Македонија ЃП во дербито на претходното коло го загуби првото место, го впиша и првиот сезонски пораз и се спушти до третото место, а денес во Штип пред „сините“ на Трајче Сенев беше ново дерби, во кое се соочија со Арсими кој е на четвртото место. На Градски во Штип сините со 2:1 славеа над Арсими со пресврт. Шефити погоди за 0:1, а во финишот Даноски и Калпачки погоди за 2:1.

Осогово со пет порази во низа влезе во длабока резултатска криза, а токму денес против прилепска Победа бараше излез од резултатската криза. Прилепчани со три победи беа во ситуација каде имаа помал притисок за триумф, во однос на „жетварите“ кои мораа до триумф, на стадионот „Никола Мантов“ Осогово славеше со 4:1 преку пресврт. Ѓурчиновски ја донесе Победа во водство, а потоа Симоски, Љиворека и Паунов со два гола обезбедија 4:1.

Соочување од средишниот дел на табелата за прогрес на истата имаше во Неготино на „Цвај арената“ каде Вардар Неготино ја пречека Каменица Саса во натпревар каде тимот на Горан Тодорчев бараше четврта сезонска победа, а со тоа и прогрес и зацврстување во средината, во однос на „рударите“ од Македонска Каменица кој во Неготино ја бараат петтата радост. На „Цвај арената“ исходот беше 0:1 за Саса со голот на Симевски.

Разнишаниот Борец кој остана без тренер на домашен терен имаше тежок натпревар против лидерот и апсолутен фаворит Македонија ЃП, очекувана победа за „лавовите“, кои со двата гола на Христов славеа со 0:2.

Скопје сака триумф за излез од резултатската криза, а пак Башкими за Прва лига, денес овие две екипи се соочија во Авткоманда на „Железарница“ исходот беше 2:1 за “пиратите”. Коцев си даде автогол, а потоа Шуку и Жоглев постигнаа голови за 2:1.

„Фенерџијата“ Вардарски никако да победи како второлигаш, после 27 години се врати во Втората лига, но тимот од Богданци и натаму нема триумф, денес против Новаци бараше прво сезонско славје, а на Градскиот стадион во Богданци резултатот беше 0:2 за Новаци преку Шабани и Јовановски од пенал.

Охрид во страшна победничка форма денес гостуваше во Гевгелија каде се соочи со тимот на Кожуф, кој пак бараше победа за враќање на победничките патеки, но денес немаше голови 0:0 и победник.

                • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

              Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
              1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 12 9 2 1 21 5 +16 29
              2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 12 8 3 1 19 9 +10 27
              3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 12 8 2 2 20 8 +12 26
              4 ФК АРЕСИМИ-1973 12 7 2 3 21 13 +8 23
              5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 12 6 3 3 16 11 +5 21
              6 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 12 4 6 2 16 12 +4 18
              7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 12 4 6 2 14 11 +3 18
              8 ФК КАМЕНИЦА САСА 12 5 3 4 18 15 +3 18
              9 ФК БЕЛАСИЦА АД 12 3 7 2 14 13 +1 16
              10 ЗФК НОВАЦИ 2005 12 4 2 6 12 13 -1 14
              11 ФК СКОПЈЕ АД 12 2 7 3 11 13 -2 13
              12 ФК ПОБЕДА АД 12 4 1 7 20 23 -3 13
              13 ГФК ВАРДАР Неготино 12 3 2 7 14 18 -4 11
              14 ГФК ОСОГОВО 12 2 2 8 12 24 -12 8
              15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 12 1 2 9 6 23 -17 5
              16 ФК ВАРДАРСКИ 12 0 2 10 8 31 -23 2

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост како брз воз помина низ Штип – лидерот од Богданци максимален!

Лидерот Младост од Богданци ја продолжува фантастичната форма откако запиша голем триумф на гостувањето кај Текстилец во Штип, славејќи со 22:35, во меч...

Ракомет

Астибо во тензичен меч слави голема победа над Спартак!

Екипата на Астибо од Штип стигна до значајна победа на гостувањето кај Спартак, славејќи со 24:28 за второ сезонско славје во рамките на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Грнчаров и Бајевски си поднесоа оставки: Македонија ЃП остана без спортски директор и шеф на стручен штаб

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров влезе во турбулентен период откако и спортскиот...

ФудбалФутсал

Шампионот Форца однесе убедлива победа над Шкупи во гости

Шампионот Форца со победа ја отвори новата сезона во Првата футсал лига,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Порече со сигурна победа над Плачковица и нови три бодови

Трите бодови останаа во Македонски Брод, откако домаќинот Порече со 3:0 славеше...

Втора лигаФудбал

Трпески: Потешко од очекуваното, но ја израдувавме нашата верна публика со нова победа

Лидерот во Втората лига, Шкендија Арачиново, стигна до нова победа на гостински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!