Прва лигаФудбал

Џемиљ Јахији се раздели со прволигашот Арсими

Сподели
Сподели

Џемиљ Јахији кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со македонскиот прволигаш Арсими.

22-годишниот фудбалер покрај тоа што го напушта прволигашот од Чегране, ќе ја напушти и македонската фудбалска лига, односно кариерата ќе ја продолжи во странство.

„Денес затворам едно посебно поглавје од мојот живот. Се збогувам со Арсими и со македонската лига. Благодарен сум што имав можност да играм со толку одлични соиграчи и што, со нашата напорна работа, успеавме да обезбедиме добра позиција на табелата. Би било убаво и раководството на клубот да го препознае тоа, но можеби тоа е тема за некој другпат. Искрено верувам во овие момци и им посакувам сѐ најдобро во иднина, затоа што навистина го заслужуваат! Им благодарам на моите соиграчи, на мојот тренер, на навивачите, на моето семејство и на сите што ме поддржуваа од првиот ден… но најголемата благодарност оди до една личност – мојата девојка. Ништо од ова немаше да биде можно без неа. Што и да се случи, таа благодарност ќе ја носам со себе засекогаш. Благодарам и на мојот нов менаџер, Велибор, за неговиот огромен труд и посветеност. Тој својот дел го заврши одлично и среќен сум што го започнуваме ова ново поглавје заедно со 100% доверба. Продолжувам напред – благодарен, горд и подготвен за сѐ што следува“, вели Јахији.

Пред Арсими тој настапуваше за поранешниот прволигаш Воска Спорт од Охрид, беше дел и од Фортуна, Шкендија, Гоблен Јуниор и Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!