Втора лигаПрва лигаФудбал

Важна одлука на Управниот одбор на ФФМ!

Сподели
Сподели

На вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена една важна одлука.

Согласно актите на ФИФА и ФФМ , фудбалските клубови и фудбалери се должни да ги доставуваат договорите за професионално занимавање со фудбал на верификација во ФФМ, пред комисијата за верификација на договори. Тоа се правни дела кои мора да бидат склучени исклучиво врз основа на Стандардниот договор, усвоен од Управниот одбор на ФФМ. Само договори склучени на тој образец и верификувани од Комисијата имаат фудбалско значење во рамки на нашата организација.

„Во пракса, добиваме индиции дека дел од клубовите и фудбалерите склучуваат договори надвор од оваа постапка. Согласно правилата и актите на ФИФА и ФФМ, тие договори не произведуваат фудбалско-правно дејство. Имено, договорите кои не се доставуваат во ФФМ, т.н. „двојни договори“, нема да се толерираат, односно нема да се признаваат.

Упатуваме јасна и недвосмислена порака кон клубовите и фудбалерите: Правилата за регистрација, трансфер и статус мора да се применуваат доследно, како и прописите на ФИФА, така и Правилникот на ФФМ. Верификацијата не е формалност, туку механизам за заштита на сите страни, но и на интегритетот на системот. ФФМ ќе ја извести ФИФА за ситуацијата, со цел да бидат запознаени дека одредени договори се склучуваат со цел да се избегне домашната регулатива“, велат од ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!